Манчестер Јунајтед со прва реакција по контроверзното интервју на Роналдо
Кристијано Роналдо предизвика голем потрес со интервјуто во кое потенцира дека се чувствува издаден од Манчестер Јунајтед и го критикуваше менаџерот Ерик тен Хаг.
Целото интервју ќе биде емитувано во текот на неделата, но „Сан“ веќе објави дел од неговите најинтересни ставови, со што се чини дека Роналдо веќе го одигра последниот натпревар за Јунајтед.
Денеска, клубот лиферуваше соопштение одговарајќи на барањата на медиумите за коментар.
– Манчестер Јунајтед ги нотираше медиумските текстови за интервјуто на Кристијано Роналдо.
– Клубот ќе размислува за одговор кога ќе бидат познати сите факти. Во моментов нашиот фокус е на успешно продолжување на сезоната, односно продолжување на моментумот, заедништвото и вербата кои владеат меѓу фудбалерите, стручниот штаб и фановите, – стои во соопштението на Јунајтед.
Comments