Манчестер Јунајтед се ослободи од уште еден играч од првиот тим (Фото)
27.01.2022 Januari Cetvrtok
Од таборот на Манчестер Јунајтед предмалку потврдија дека уште еден играч од првиот тим си заминал од клубот на привремена основа.
Откако Антони Марсијал реализираше трансфер на позајмица во Севилја, истото го стори младиот офанзивец Амад Диало.
Играчот кој беше купен од Аталанта уште кога на клупата на Јунајтед седеше Оле Гунар Солскјер не доби многу шанса за настап, па сега кариерата на привремена основа ќе ја продолжи во редовите на Ренџерс.
Крилниот фудбалер се согласи на шестмесечна позајмица со шкотскиот клуб кој нема право на откуп на неговиот договор.
19 годишниот фудбалер беше пред премин во тимот на Феенорд минатото лето,но тогаш трансферот го упропасти неговата потешка повреда поради која мораше да паузира одреден период.
Амад Диало оваа сезона одигра само еден натпревар во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед, против Јанг Бојс во Лигата на шампионите.
Комментарии