Манчестер Јунајтед остана без еден од најважните играчи на неодреден период
Ерик тен Хаг може да издвои многу малку работи како позитивни од почетокот на сезоната на Манчестер Јунајтед, а една од нив сигурно се настапите на Лук Шо.
Левиот бек на „црвените ѓаволи“ беше еден од подобрите поединци на средбите на кои Јунајтед не воодушеви со својот настап, па за фановите дефинитивно делува загрижувачки информацијата дека ќе отсуствува наредниот период.
Клубот потврди дека Шо има мускулна повреда, која допрва ќе се дефинира и ќе паузира одреден број на недели.
Според првичната информација, Шо дефинитивно ќе го пропушти утрешниот дуел со Нотингем Форест, a веројатно и дербито со Арсенал кое се игра следниот викенд.
Тен Хаг нема многу опции за пополнување на празнината со оглед на фактот што и Тајрел Маласија не е фит за настап, па можно е принудно да биде искористен Диого Далот.
Comments