Манчестер Јунајтед носи неочекувано засилување од Вотфорд
Додека фановите на Манчестер Јунајтед очекуваат големи засилувања на „Олд Трафорд“, раководството на клубот е пред договор со неочекувано име кое треба да пристигне во тимот на Ерик Тен Хаг.
Имено, како што пренесува Фабрицио Романо, „ѓаволите“ се во напредни преговори со голманот на Вотфорд, Даниел Бахман кој треба да пристигне во клубот ова лето.
Вотфорд ќе го пушти својот голман само под услов тој да направи перманентен трансфер, а не да биде позајмен, нешто што било разгледувно од страна на Манчестер Јунајтед.
Бахман е една од опциите на „ѓаволите“ за голманската позиција, позиција која ќе остане испразнета со заминувањето на Дин Хендерсон кој е пред трансфер во редовите на Нотингем Форест.
Бахман би ја имал улогата на втор или трет голман на „Олд Трафорд“ затоа што засега недопирлив останува Давид Де Хеа. Клубот претходно го напушти четвртиот голман Ли Грант, а во овој момент опција за Тен Хаг е и искусниот Том Хитон.
Comments