Search
Манчестер Сити ја потврди разделбата со Марез
Манчестер Сити денеска го потврди заминувањето на Ријад Марез, со што и дефинитивно Алжирецот ќе стане член на Ал Ахли.
32-годишниот фудбалер е уште една премиерлигашка ѕвезда која заминува во Саудиска Арабија, а европскиот првак ќе заработи 30 милиони фунти од овој трансфер.
Пеп Гвардиола сакаше да го задржи Марез, но самиот фудбалер донел одлука за разделба и инсистирал да се пресели во Ал Ахли, каде ќе му биде соиграч на нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Сити плати 60 милиони фунти за Марез во 2018 година, а оттогаш тој беше еден од најважните играчи на англиската екипа, во чии редови постигна 15 голови последната сезона.
Ал Ахли претходно од Премиер лигата ги доведе Едуард Менди и Роберто Фирмино.
留言