top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Манчестер Сити обезбеди долга соработка со еден од најголемите англиски таленти

Актуелниот англиски и европски шампион, Манчестер Сити, денеска се пофали со продолжување на соработката со еден од талентираните фудбалери кои веќе се дел од првиот тим.

Се работи за Рико Луис, момчето кое ги потврди своите несомнени квалитети уште минатата сезона, а се очекува да добие уште поголема минутажа од Пеп Гвардиола сезонава.

Договорот на 18-годишниот фудбалер истекуваше следното лето, но Сити го обезбеди неговиот потпис за дополнителни пет години, па Луис сега има обврски кон премиерлигашот до 2028 година.

Луис кој настапува на десната фул-бек позиција дебитираше на почетокот на минатата сезона како замена за Кајл Вокер, а зад себе веќе има 24 настапи во првиот тим на Сити.


0 views

コメント


bottom of page