top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Манчестер Сити го собори трансфер рекордот и на својот женски тим

Трофеите на машкиот тим на Манчестер Сити се дополнителна мотивација за развој и на женската секција, па англискиот клуб посакува да ги одведе и дамите во европската елита

Сити го комплетираше трансферот на Џил Рорд за сума поголема од 300.000 фунти, со што го собори сопствениот трансфер рекорд на женската секција.

Најскапата фудбалерка во историјата на Сити е холандска репрезентативка и доаѓа од Волфзбург, екипа која постојано е во европскиот врв и со која последната сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Ова е и втор најскап трансфер во историјата на женскиот фудбал, бидејќи досега повеќе платила само Барселона и тоа за Кеира Волш (400.000 фунти), која интересно беше членка на Манчестер Сити.

Рорд беше дел од холандската репрезентација која го освои ЕП во 2017 година, а настапуваше за Арсенал меѓу 2019 и 2021 година.

Во периодот кога настапуваше за Волфзбург постигна 31 гол на 69 натпревари, а Сити ја промовираше со дресот со број 20.


1 view

Comments


bottom of page