top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Манчестер Сити го објави трансферот на нов дефанзивец

Англискиот првак Манчестер Сити го комплетираше најавениот трансфер на Мануел Аканџи.

Швајцарскиот стопер доаѓа од Борусија Дортмунд, клуб кој ја прифати понудата на Сити имајќи предвид дека Аканџи следното лето ќе станеше слободен агент.

Повредите на Лапорт и Аке го принудија Пеп Гвардиола да бара ново решение за одбраната, а Аканџи бил примарен избор, со оглед и на цената која Сити ќе треба да ја плати за фудбалер со докажан квалитет.

27-годишниот фудбалер настапуваше за Борусија од јануари 2018 година и забележа 158 настапи за бундеслигашот.

За Сити ова е петто засилување во овој преоден рок, а Аканџи повторно ќе игра со доскорешниот соиграч Ерлинг Халанд.


1 view

Comments


bottom of page