top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Манова, Петровска и Жежовска ќе ги бранат боите на Македонија

УТРЕ ПОЧНУВА 23. ЕП ЗА ШАХИСТКИ

Ивана Манова (1.923 рејтинг-поени, рангирана на 121-то место пред почетокот на турнирот), Катерина Петровска (1.907, на 123-то место) и Моника Жежовска (1.761, на 132-то место) се македонските шахисти што ќе настапат на 23-то поединечно Европско првенство (ЕП), од утре (11 кола со стандардно време за размислување) во Петровац (Црна Гора). Досега се пријавени 139 шахистки (од кои шест ВМ, 16 ЖВМ, 33 ИМ, 22 ЖИМ, шест ФМ, 27 ЖФМ) од 35 држави, а најмногубројни се Полска и Азербејџан, со по 14 претставнички. Просечниот рејтинг на ЕП 2023 е 2.150 поени, наградниот фонд е 60.000 евра, поделен на 10 дела, а победничката ќе биде побогата за 10.000 евра. Прворангирана е ВМ од Грузија, Бела Котенашвили (рејтинг 2.491), а на претходното ЕП, во Прага, во 2022 година (играа 123 шахистки, од кои седум ВМ и 23 ЖВМ), победи Моника Сочко од Полска, која годинава е рангирана на 10-то место (2.432 поени). Првите девет шахисти од ова ЕП ќе се квалификуваат за настап на Светското првенство (СП) годинава. Досега најмногубројното ЕП беше тоа во Белград, во 2013 година, кога во борбата за европската титула учествуваа 169 шахистки. Најмногу европски титули, три, има Русинката Валентина Гунина, а по двапати славеле Русинката Татјана Косинчева, Швеѓанката Пиа Крамлинг и Украинките Наталија Жукова и Катерина Лахно. Од нив, во Петровац ќе играат само Гунина (рејтинг 2.478), која е второрангирана, како и победничката на првото ЕП, во 2000 година, Жукова (2.322, рангирана 40-та). Г.И.


4 views

Comments


bottom of page