Маниче предложи идеален наследник за Сантош: Тој би бил перфектен избор
Фернандо Сантош не даде никаква изјава за можно повлекување од репрезентацијата по разочарувачкиот крај на Светското првенство, но медиумите во Португалија веќе ја бараат неговата замена, без оглед на тоа што Федерацијата ќе мора добро да го обесштети актуелниот селектор.
Според многумина, ерата на искусниот Сантош треба да биде завршена со елиминацијата во четвртфиналето на мундијалот во Катар, а медиумите велат дека оваа одлука ќе биде одобрена и од капитенот Кристијано Роналдо кој остана шокиран и фрустриран од последните негови одлуки.
Сантош има договор со Португалија до јули 2024-та година, но во овој момент, навистина мали се шансите дека тој ќе ги води фудбалерите на Европското првенство кое ќе се игра во Германија.
Еден од оние кои се најгласни за негова смена е и легендарниот Маниче, кој пак смета дека Жозе Мурињо конечно треба да се испроба и како селектор после цело насобрано искуство во кариерата.
– Жозе Мурињо е тренерот кој би бил перфектен избор за оваа позиција. Тој е искусен тренер кој е подготвен за сите потешкотии кои ги носи фудбалот. Тој го познава нашиот фудбал, но и светскиот фудбал, но и доволно е интелигентен за да се справи со младите играчи, – вели Маниче.
Comments