Search
Мане џентлменски го истакна фудбалерот кој треба да ја освои „Златната топка“
Секое издание на „Златната топка“ носи традиционална дебата за фудбалерот кој најмногу го заслужува признанието, а Садио Мане скромно вели дека годинава тој не е сериозен кандидат. Членот на Баерн Минхен зборувал за главниот фаворит и го очекувано го истакнал Карим Бензема. – Најискрено кажано, мислам дека Карим најмногу ја заслужи наградата. – Имаше фантастична сезона со Реал и ја освои Лигата на шампионите. Мислам дека заслужува да биде прогласен за најдобар и се радувам за него. – Точно е дека јас стигнав до трофејот на Африканскиот куп на нации, тоа е навистина голем успех за мене, соиграчите и мојата земја, но „Златната топка“ треба да заврши кај Бензема, – изјавил Мане.
Comments