Search
Манасков се врати на терените, Веспрем на чекор од завршниот турнир во ЛШ
Тимот на Веспрем е на чекор од ново учество во завршницата на Лигата на шампионите откако забележа убедлива победа над Алборг од 36-29 (17-16) во првата четвртфинална рунда.
Унгарскиот претставник со одлично второ полувреме се избори за плус седум пред реваншот во Данска закажан за 18 мај, односно е добра позиција да избори место на фајналфор турнирот во Келн.
Маргуч со 7 и Јахија со 6 гола беа најефикасни кај Веспрем, тим за кој нашиот Дејан Манасков по долга пауза поради повреда ги одигра првите минути и даде еден погодок од два обиди.
Во таборот на гостите се истакна Јул Ласен со шест гола.
Comments