top of page

Манасков огорчен од високиот пораз: Се оствари тоа што го најавив, немаме квалитет за вакви натпрева

Македонија повторно потфрли колективно во играта во одбрана и немаше решение за брзата игра и транзиција на холандските ракометари, па оттаму и високиот пораз изразен со десет голови разлика.

Нашите ракометари ги повторија грешките од натпреварот со Норвешка и денеска го претрпеа вториот пораз со резултат 34:24, што значи дека многу работи ќе мора да се поправат за завршниот меч со Аргентина кој ќе одлучува за патникот во следната фаза.

Денешното разочарување е многу поголемо од она од пред два дена поради фактот што ракометарите тврдеа дека добро ја изанализирале Холандија, но тоа што го најавија не го спроведоа на теренот и следеше нов висок пораз во салата во Краков.

– Не знам што да кажам, не сум памтен во овој момент. Одигравме катастрофално, тоа што го кажав се оствари. Реков дека ако одиграме како против Норвешка, ќе загубиме со десет гола и загубивме десет разлика. Очигледно немаме квалитет за вакви натпревари. Вакви натпревари се играат со концентрација, со глава, со срце.

– Без мотивација, со загубени глави не се играат вакви натпревари. Тоа е неикуство, имаме доста дебитанти, но и тоа не е оправдување. Им ги подаривме топките во раце кога се вративме во вториот дел. Тоа е што е, не знам што да кажам. Да ја победиме Аргентина и да одиме достоинствено во втората фаза, колку да се каже дека сме отишле таму, а после Господ нека ни е напомош, – изјави видно разочараниот Манасков.


 
 
 

Комментарии


bottom of page