top of page

Малкумина знаат дека ова е вистинското име на Пепи Бафтировски

07.04.2026 April Vtornik

Пепи Бафтировски, легендарниот глас на македонската народна музика, сè уште живее во срцата на публиката. Со својата неповторлива емотивност и магнетичен израз, тој остави незаборавен белег кај публиката, а песната „Заветна“ и денес е слушана и пеена како неофицијална химна на Македонците ширум светот.

Сепак, малкумина знаат дека неговото вистинско име е Реџеп. Роден во август 1941 година во Битола, тој го почнува својот пат кон музичката вечност со дарот на глас кој пленеше генерации. Неговиот живот завршува далеку од родното Битола – во Чикаго, каде и денес почива и каде живее неговото семејство.

Пепи заминува во Америка неколку години пред својата смрт, заедно со сопругата Ава Керш, тогаш веќе добро позната пејачка. Од овој брак се родија син и ќерка, кои продолжуваат да живеат во САД. Ќерката е мажена и мајка на три деца, додека синот гради кариера како доктор.


 
 
 

Comments


bottom of page