top of page

Мален и Дибала блескаа, Рома ја уништи Фиорентина (ВИДЕО)

Aug 25
1 min read

24.08.2026 Avgust Ponedelnik

Рома е тимот на воведното коло во Серија А, а причината за тоа е убедливиот триумф над Фиорентина од 4-0.

Клубот од италијанската престолнина со стил ја отвори новата кампања и тоа против Фиорентина, состав кој добро се засили и од кого се очекува да се бори за Европа во натпреварувачката 2026/2027.

Во елемент беа Мален и Дибала, двајца играчи кои испораа хет-трикови во различни категории, Холанѓанецот со погодоци, Аргентинецот со асистенции. Пауло трипати му асистираше на Мален за головите во 27, 52 и 60 минута.

На крајот во листата на стрелци се запиша и резервистот Писили. „Волчицата“ во наредното коло ќе му гостува на Лече, „виолетовите“ ќе имаат идеален ривал во Фрозиноне да покажат дека ова било само лош ден.


 
 
 

Comments


bottom of page