Малдини планирал смена на Пиоли, сакал да го ангажира Пирло
Паоло Малдини не е повеќе дел од Милан и тоа откако сопственикот Гери Кардинале одлучи да се откаже од неговите услуги.
Овие двајца имале тензичен состанок, одредени недоразбирања по што е одлучено дека е време за разделба со тоа што освен Паоло клубот го напушти и Фредерик Масара.
Позитивно за „росонерите“ е што оваа криза, потрес дојде до завршувањето на сезоната, па ќе има време да се средат рабоите иако медиумите на Апенините информираат дека веќе има сериозно незадоволство кај главните играчи во екипата како Ернандез, Мењон и Леао.
Во меѓувреме „Кориере Дело Спорт“ излезе и со вест дека Малдини пред да биде отпуштен планирал револуција на „Сан Сиро“, промена на тренерот Стефано Пиоли. Наводно легендарниот ас сметал дека е потребна промена, свежа крв и неговата идеја била Андреа Пирло да ја преземе екипата.
По последните случувања Пиоли може да остане мирен затоа што неговата улога се смета за клучна во проектот на „Редбрд“.
Comments