top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мала заинтересираност за Игрите во Токио?

26.07.2021 Juli Ponedelnik

Анкетата на „Ипсос“, спроведена во 28 земји низ светот, покажа дека од речиси 20.000 испитаници, 46 отсто се заинтересирани за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, а 16 проценти од нив се „многу заинтересирани“. Анкетата покажа и дека американската јавност била поделена за тоа дали треба да се одржат ЛОИ во Токио. Вкупно 54 отсто од сите анкетирани не се заинтересирани за Игрите, а 29 проценти „воопшто не се заинтересирани“. Генерално, 57 отсто од испитаниците сакаа ЛОИ да се откажат. И покрај таквата мала заинтересираност, Американците веруваат дека ЛОИ имаат позитивно влијание врз општеството, велејќи дека настанот ја зближува нивната земја (66 отсто) и ја инспирира следната генерација да се занимава со спорт (80 отсто), пишува „Ипсос“. Две третини од Американците (67 насто) сметаа дека ЛОИ ќе бидат можност за обединување на светот по пандемијата. Гимнастиката е на врвот на листата на спортови за кои Американците се најмногу заинтересирани (39 отсто), по што следуваат водените спортови, пливање, скокови во вода итн. (32 отсто) и атлетиката (21 отсто). Потоа следуваат кошарката и бејзболот (13 отсто) и одбојката (12 отсто). На глобално ниво, фудбалот е олимписки настан за кој има најголемо интересирање (30 отсто на глобално ниво), но во САД 10 и во Јапонија седум отсто. Во Јапонија, земјата-домаќин, само 22 отсто од популацијата била, според анкетата, за одржување на ЛОИ.

Преносот на церемонијата на отворањето на ЛОИ во Токио на „Ен-би-си“ привлекол само 16,7 милиони гледачи во САД, што е најмалата американска телевизиска публика за овој настан во изминатите 33 години, покажуваат првичните податоци. ТВ-публиката на отворањето на ЛОИ се намалила за 37 отсто во споредба со 2016 година, кога 26,5 милиони луѓе го гледале отворањето на Игрите во Рио, и за 59 отсто од 2012 година, кога 40,7 милиони луѓе ја следеле церемонијата во Лондон. Тоа е најмала бројка ТВ-гледачи на церемонија на отворање на ЛОИ по Сеул во 1988 година, која привлекла 22,7 милиони ТВ-гледачи. Таа гледаност е на пониско ниво и од Игрите во Барселона во 1992 година, со 21,6 милиони луѓе, според податоците на „Нилсен“.

Низ сите платформи, 17 милиони луѓе ја следеле церемонијата, соопшти „Ен-би-си универзал“. Стриминг-публиката на тие платформи пораснала за 76 отсто од церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2018 во Пјонгчанг и за 72 отсто од отворањето на ЛОИ 2016 во Рио, што е одраз на промената во навиките за гледање. Отворањето се одржа пред помалку од 1.000 присутни на Олимпискиот стадион, под строги правила за физичко дистанцирање. На свечената парада не беа сите спортисти поради правилата што налагаат многумина од нив да пристигнат непосредно пред натпреварите и да си заминат веднаш потоа за да се ограничат контактите.



4 views

Comments


bottom of page