Макпетрол ја понесе титулата како најдобар македонски тим и на државниот плејоф
По минатонеделното државно првенство кое се одржа во Скопје, изминатиов викенд се одржа и плејофот за сениори и сениорки, турнир на кој прави на настап имаа само освојувачите на медали од пред седум дена.
Турнирот кој имаше строг критериумски карактер за влез во сениорската репрезентација на Македонија се одвиваше по бергер систем, односно сите спортисти освојувачи на медали во тежинските категории имаа меѓусебно борби едни против други.
Тимот на Макпетрол беше повторно прворангиран во генерален пласман и освои вкупно 11 медали од кои 4 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали.
– Државното првенство и секако Плеј оф турнирот се најстресните два натпревари за сите спортисти , тренери и клубови. За нас најважно од се е тоа што успеавме да ги потврдиме и задржавме првите места кои ги остваривме на Државното сениорско првенство минатата недела. Репрезентативен статус за претстојното европско сениорско првенство кое ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија во последната недела на месец Март 2023 година , остварија првопласираните четири спортисти а тоа се следните наши каратисти-ки, – изјави тренерот, Бошко Заборски.
Првопласирани во своите категории:
1.Петар Заборски -75 кг
2.Петар Спасеновски -84 кг
3.Стефан Стојанович +84 кг
4.Ангела Мојсовска -68 кг
Второпласирани во своите категории:
5. Марија Петровска -55 кг
6. Симона Заборска -61 кг
7.Давид Петков -67
8.Глигор Петков +84
9.Витомир Трајковски -84 кг
Трето пласирани се
10.Јована Мицовска -61
11.Викторија Јовановска -61 кг
– Забележително за овие две првенства и главна констатација е податокот што нашите спортисти имаа доминација во машкиот дел на тежински категории, така да во полутешка категорија (-84 кг) и во тешка категорија (+84 кг), имавме наши финалиња и на Државното првенство и сега на Плеј оф турнирот.
– На ова првенство натпреварувачка зрелост и голема подготвеност прикажа Петар Заборски -75 кг, тој и на Државното и на плеј офф турнирот забележа максимален број на победи и како непоразен го обезбеди местото во оваа тежинска категорија. Кај жените на висина на својата досегашна докажаност беше и Ангела Мојсовска која исто така беше непогрешлива и максимално борбена и успешна во категоријата на (-68 кг).
– Задоволни сме бидејќи покажавме и докажавме на татамите, дека имаме спортски ресурси и за поголем резултат , затоа што сите наши спортисти се максимално и сериозно подготвени за влез во репрезентацијата. Не е тајна дека имавме неколку судиски неправди, кои ако не се случеа, секако дека ќе имавме и поголем спортски резултат, но тоа е составен дел на нашиот спорт, – додаде Заборски.
Comments