top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонците одлични на јунските меѓународни турнири

02.07.2021 Juli Petok

Македонските претставници во коњички спорт постигнаа забележителни резултати на меѓународните турнири на кои настапија минатиот месец. Така на турнирот во Виена, Австрија на 26 и 27 јуни, јуниорот Петар Милошевски, македонски репрезентативец и член на клубот Бравадос го освои петтото место со грлото „Надја“ без казнени поени од вкупно 30 натпреварувачи, додека на меѓународниот турнир во Нови Сад Србија, на 12 и 13 јуни, со истото грло беше одличен трет.

На турнирот во Виена, Љупка Аврамовиќ членка на клубот Бравадос, со грлото „Колпо Гросо“, го освои третото место во категоријата амазонки, додека во Нови Сад, Србија, освои две први места во категоријата аматери. Тука треба да се додадат и првото место на јуниорската репрезентативка Ева Димитриевска, членка на клубот Бравадос, која со грлото „Ерос“ беше најдобра, како и првото место во двата натпреварувачки дена на сениорот Зоран Јовановиќ во категорија млади коњи (до четири години).

Јуниорската репрезентативка Меланија Атанасовска од клубот Процес, на првиот натпреварувачки ден во Нови Сад, со грлото Калатус го освои второто место без казнени поени, додека на вториот натпреварувачки ден во категорија амазонки, со грлото „Влеут“ го освои првото место. На вториот натпреварувачки ден во категоријата јуниори, таа со грлото Влеут го освои првото место без казнени поени, додека во категорија сениори со грлото „Влеут“ беше петта.

На меѓународнио турнир во Софија, Бугарија, на 17-20 минатиот месец, Атанасовска го освои 12-то место со грлото „Калатус“ без казнени поени од 70 натпреварувачи, како и 18-то место со грлото „Влеут“ со четири казнени поени од вкупно 73 учесници од Европа.

Утре, пак, со почеток во 9.30 часот, според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, коњичкиот клуб Бравадос од Скопје на терените во Волково ќе го одржи Јулскиот коњички турнир и 3-то коло од Првенството на Македонија во прескокнување на пречки за годинава. На програмата се четири натпревари во класите А, Б, Ц и Д со висина на пречките од 0,9 метри до 1,2/1,3 метри. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page