top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Македонско културно лето 2021“ од 20 до 24 август во Пустец

На 20 август во 19 часот ќе почне „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија, и ќе трае до 24 август, а сите настани ќе бидат на плоштадот „Гоце Делчев“, пренесува весникот „Илинден“.

Организатор на манифестацијата е Здружението „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир.

-Одржувањето годинава е поддржано од министерствата за култура на Македонија и на Албанија, компанијата „Кромберг и Шуберт“, Град Скопје, Општина Пустец, Клиничката болница „Жан Митрев“ од Скопје и Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Посакуваме и оваа година манифестацијата, која се нетрпение ја очекуваат Македонците, да биде успешна и да го продолжи досегашното ниво на квалитетни настапи, наведува весникот „Илинден“.


0 views

Comments


bottom of page