top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонските фудбалерки повторно загубија од Косово

Најсилната женска македонска фудаблска репрезентација продолжи да реди порази во Лигата на нации, а денеска пристигна вториот во низа од селекцијата на Косово.

Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова одново не му стоеше на располагање на селекторот Изов и во такви услови репрезентацијата е значително ослабена, па по поразот на домашен терен, денеска претрпевме пораз и на Косово.

Денешниот натпревар беше решен во раната фаза бидејќи фудбалерките од Косово постигнаа три гола во првиот дел, па второто полувреме беше само чиста рутина и довршување на должностите.

Халилај, Мемети и Бичкај ги постигнаа головите за домашната селекција во период од 7-та до 34-та минута, а ние само успеавме да го ублажиме поразто во самиот финиш од средбата.

Чоклеска се погрижи за почесен гол на гостувањето во Косово, по што билансот на македонските девојки е влошен и гласи три порази на три натпревари во Лигата на нации.


1 view

Comments


bottom of page