top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонските селекции ги добија ривалите за пласман на ЕП

13.03.2024 Mart Sreda

ОДБОЈКА

Грција е противник на двете сениорски одбојкарски репрезентации на Македонија на патот кон европските првенства во 2026 година. Мажите ќе играат и со Грузија за четврти континентален настап во низа, a одбојкарките ќе се сретнат и со Австрија во обидот да бидат за првпат дел од едно ЕП.

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) реши групите да ги формира според рејтингот на селекциите, пa немаше ждрепка. Во квалификациите ќе има 21 репрезентација, поделени во седум групи. Пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи и петте најдобри второпласирани селекции.

Термините за вкупно шесте меча се во август годинава и во истиот месец в година, а македонските селекции ќе одиграат по два меча. Одбојкарите ќе почнат со гостување кај Грузија на 17 или на 18 август, а на 24 или на 25 август ќе ја пречекаат Грција. Во 2025 година Македонија ќе гостува во Грција на 13 август, по што на 16-ти или на 17-ти ќе биде домаќин на Грузија.

Одбојкарките, пак, ќе ги почнат квалификациите пред своја публика со Австрија на 17-18 август, на 28-29 август ќе гостуваат кај јужниот сосед, а в година со Грција дома ќе се игра на 2-3 август и со Австрија на гости на 9-10 истиот месец.

Македонските одбојкари имаат голема шанса да го продолжат учеството на евросцената, ако се знае дека беа осминафиналисти на претходното ЕП, во 2023 година, организирано и во Македонија (во групата во Скопје беа остварени победи на дуелите со Данска и со Црна Гора), настапија и на ЕП 2021 во Финска, а дебитираа во Љубљана, на шампионатот во 2019 година. Одбојкарките, пак, го градат сениорскиот тим, кој лани играше во Европската сребрена лига. Г.И.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2026

ГРУПА Ф, МАЖИ

Грузија – Македонија 17-18.8.2024

Македонија – Грција 24-25.8.2024

Грција – Грузија 28-29.8.2024

Грузија – Грција 9-10.8.2025

Грција – Македонија 13.8.2025

Македонија – Грузија 16-17.8.2025

ГРУПА Ф, ЖЕНИ

Македонија – Австрија 17-18.8.2024

Австрија – Грција 24-25.8.2024

Грција – Македонија 28-29.8.2024

Македонија – Грција 2-3.8.2025

Грција – Австрија 6.8.2025

Австрија – Македонија 9-10.8.2025


2 views

Comments


bottom of page