Македонските ракометарки со триумф над САД го започнаа настапот на младинскиот Мундијал
21.06.2024 juni Petok
Македонската женска ракометна репрезентација со триумф над САД од 32-15 вечерва го почна настапот на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое се одигрува во Скопје.
Македонските ракометарки доминатно го започнаа натпреварот така што по 30 минути игра на полувреме заминаа со предност од 15-6. Доминантната игра на македонскиот состав продолжи и во второто полувреме па избраничките на Дарко Јанев забележаа убедлива победа со 32-15.
Најефикасна ракометарка во македонскиот состав беше Борјана Коцева која постигна девет погодоци, а втор стрелец со седум реализации беше Ива Младеновска.
Следен противник на македонските јуниорки е Исланд, петок од 18 часот, а во последното коло избраничките на Јанев ќе играат против Ангола.
Comments