top of page

Македонските кошаркарски тренери ќе учат од Светислав Пешиќ

21.07.2026 juli Vtornik

Македонските кошаркарски тренери ќе имаат уникатна можност да учат од едно од најголемите европски тренерски имиња. Кошаркарската федерација на Македонија информираше дека задолжителната тренерска клиника за оваа година ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје, а главен предавач ќе биде легендарниот стратег Светислав Пешиќ.

Пешиќ зад себе има повеќе од четири децении богата тренерска кариера исполнета со трофеи, успеси и признанија. Тој е член на Куќата на славните на ФИБА, европски и светски шампион со репрезентации, како и освојувач на титулата во Евролигата.

Во текот на дводневната клиника, македонските тренери ќе имаат можност да ги слушнат неговите искуства, современи тренерски методи и принципи на работа кои го направија еден од најценетите кошаркарски стручњаци во Европа.

Присуството на клиниката е задолжително за сите македонски тренери, бидејќи претставува еден од условите за добивање тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2026/27.

Доаѓањето на Пешиќ во Скопје претставува голема можност за развој на македонската тренерска фела и прилика домашните стручњаци директно да се запознаат со знаењето и филозофијата на еден од најуспешните кошаркарски стратези во Европа.


 
 
 

Comments


bottom of page