Македонските клубови ги дознаа ривалите во ЕХФ купот, Алкалоид доби литвански ривал
16.07.2024 juli Vtornik
Македонските ракометни претставници во ЕХФ купот денеска ги добија своите противници за стартните рунди во ова натпреварување, а Европската ракометна федерација започна со ждрепката во женска, па продолжи со ждрепката во машка конкуренција.
Алкалоид својата втора европска сезона ќе ја започне со двомеч против Драгунас Клаипеда од Литванија, додека противник на Охрид во второто коло ќе му биде романскиот состав Потаиса.
Тиквеш доби валјд-карта и ќе го започне настапот едно коло порано, а си обезбеди соочување со грчкиот претставник Бјанко Монте Драма.
Доколку тимот од Кавадарци ја помине првата рунда, го чека двомеч со Арендал од Норвешка.
Кај дамите, свои противници добија скопските екипи Металург и Чаир, а нивни противници ќе бидат турскиот претставник Гореле, односно екипата на Каерјенг од Луксембург.
コメント