Македонските кадети изборија Светско првенство – победа над Фарски Острови на ЕП
- Aleksandar Santovski
- Aug 6
- 1 min read
06.08.2026 Avgust Cetvrtok
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство во 2027 година, откако на Европското првенство ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 34-32 во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски одиграа квалитетен натпревар и во најголемиот дел имаа контрола над резултатот. На полувремето Македонија водеше со 18-13, а иако во второто полувреме дојде до мал пад во играта, предноста беше зачувана до самиот крај.
Дуелот беше исклучително борбен, а судиите покажаа вкупно четири црвени картони – по два за двете репрезентации. На голот блескаше Николовски со десет успешни интервенции, додека најефикасни во македонскиот состав беа Ѓорѓиески и Ѓорѓиевски, кои постигнаа по седум погодоци.






Comments