top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонските девојки го освоија Сараево и се враќаат со голема победа во Скопје!

Женската кошаркарска репрезентација долго не знаеше за официјална победа и истата датираше од 2017-та година, се до вечерва кога девојките на селекторот Александар Ашданов направија голем подвиг.

Македонските девојки беа комплетно отпишани на хартија пред гостувањето во Сараево против репрезентацијата на БиХ, но нашиот стручен штаб и репрезентативките најавија дека ќе дадат се од себе, што на крајот го спроведоа и на дело.

Нашиот најсилен женски тим одлично го отвори натпреварот и тоа беше одлична увертира за тоа што следеше, па на крајот во еден тесен меч стигнавме до првата победа во квалификациите за Европското првенство.

Македонија славеше со резултат 66:68 и сосезма заслужено освои бодови на гостувањето кај Сараево, по кое атмосферата ќе биде далеку подобра пред последниот меч, оној во недела против силната селекција на Белгија која е првопласирана.

Младата Милица Николиќ на крајот се претвори во наша хероина поради тоа што ги постигна клучните поени за 66:68, но најефикасни во нашиот табор беа Митрашиновиќ со 18, Трајчевска со 17, Кметовска со 14 и Антиќ со 10 поени.


1 view

Comments


bottom of page