Search
Македонските возачи на Твинго купот викендов со нов предизвик во Серес
Updated: Jun 24, 2021
23.06.2021 Juni Sreda
Рено спорт како организатор на Рено Твинго купот и официјалните претставници на ЛЕМА рејсинг најавуваат уште еден интернационален настап за Твинго куп натпреварувачите, овој пат на тркачката патека во Серес, Грција, викендов.
Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Твинго еврокупот бодувани согласно регулативите и признанија на ФИА ЦЕЗ, а истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.
Пријавени се вкупно 23 возила од: Словенија, Унгарија, Србија и 10 македонски натпреварувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.
Comments