Македонскиот филм „Стела“ ќе го отвори најголемиот регионален фестивал за деца „КИДС ФЕСТ“
16.12.2020 Декември Среда
По големиот успех постигнат во Македонија, филмот „Стела“ продолжува со интернационални успеси. Најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“ ќе го отвори годинешното издание со бесплатна проекција на филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, денеска во киното „Комбанк Дворана“ во Белград, што укажува на среќен почеток на уште едно издание на фестивалот.
Со присуство на Христина Поповиќ, главната актерка на филмот, снимена како македонско-српско-германска копродукција, и со ограничен број посетители, а во согласност со епидемиолошките мерки, оваа година ќе започне и шеснаесеттиот детски фестивал Кидс фест.
-„Стела“ е филм за вистината, една, единствена и непроменлива категорија. Ова е филм за сите оние работи што лесно ги забораваме и што може да ни покаже дека сме вредни луѓе, истакна режисерот Вујичиќ, додавајќи дека „ Ако можам да ставам сè во една реченица – „Стела“ е филм за надежта што сите ние треба да ја имаме. Едноставно морав да раскажам приказна за надеж, низ нешто што јас самиот доживеав низ“ мојот живот .
Првпат во нашата држава, филмот „Стела“ се реализира во ЕКО или ЗЕЛЕНА продукција. Водени од најновите светски еколошки стандарди продукцијата се труди да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти.
Comments