Македонскиот Стрип Центар – Велес со нови изданија:„Мечкин камен;Карпош“ и „Кико и Веки и вселенскит
Како дел од годишната програма на Министерството за култура во областа на литературата и издавачка дејност, Стрип Центарот на Македонија – Велес ги публикуваше стрип книгите „Мечкин камен;Карпош“ од Миле Топуз, „Кико и Вели и вселенските гусари“ од Јордан Манасиевски и „Македонски стрип алманах 2023“ од група на автори.
Томе Трајков-програм координатор од СЦМ – Велес информира дека тоа се изданија од различен жанр и различни генерации на автори.
Пред се Миле Топуз којшто е еден од најплодните македонски стрип илустратори, продолжува со обработка на тема од македонската историја. Меѓу другото тој досега има публикувано и стрипови за Хацон, крал Пребонд, цар Самоил, Климент Охридски, Гаврил Радомир, Ѓорѓи Војтех и други. За својата долгогодишна дејност во областа на стрипот, тој е добитник на признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ доделено од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.
Јордан Манасиевски е ликовен уметник од Охрид со светско реноме кој преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред Светот. Во оваа стрип книга е вметнат само дел од опусот со споменатите јунаци коишто ги обработува уште од 1981 година.
Стрип книгата „Македонски стрип алманах 2023“ од група автори е резултат на повеќегодишното издание – континуитет на идејата на Стрип центарот за афирмирање на претежно млади , македонски стрип автори.
Во овогодинешниот „Стрип алманах“ се претставуваат Васко Гаврилов, Ѓургица Варела , Јана Бутеска, Ана Марија Стефаноска, Мартина Величковска, Оливер Цветковски, Тоде Блажевски. Сибел Исмаилова,Илко Стојановски, Ване Трајков и како гостин Исток Ситар од Словенија.
Comments