Македонскиот писател Гоце Ристовски со меѓународна награда за драмски автор
- Aleksandar Santovski
- Mar 13, 2023
- 1 min read
Жирито на 8. Меѓународни театарски фестивал што се одржа во Анадолија, Република Турција му додели меѓународна награда за драмски автор на македонскиот писател Гоце Ристовски. – Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградаени театарски луѓе кои ја збогатиле со својот придонесе театарската уметност во периодот 2022-2023 година. Во областа на драмската литература Жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски во драмската литература преку неговите драми, вреднувајќи ги високо и со задоволство му ја додели „Меѓународна награда за драмаски автор“ – се вели во образложението. Нааградите доделени на лица, институции и организации ќе им бидата врачени на свечена церемонија што ќе се одржи на 24 април 2023 година во Mask-Kara Tiyatrosu, TAMER LEVENT SAHNESİ, со почеток во 19.00 часот.

Comments