Search
Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани, по повод Светскиот ден на театарот, 2
- Aleksandar Santovski
- Mar 21, 2023
- 1 min read
Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани, по повод Светскиот ден на театарот, 27 мартПубликата ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.
Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.
Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14 часот на билетарницата на МНТ.

Comments