top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонскиот кантер-тим го освои Светското првенство во Израел

18.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Македонската „Кантер страјк: Глобал офенсив“ (Counter Strike:Global Offensive) репрезентација денеска го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација.

Тимот составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го освои првенството откако ја победи репрезентацијата на Романија, со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.

Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

Македонија претходно ја победи Украина освојувајќи две од три мапи и со тоа се пласира во финалето на првенството. Светското првенство се одржа од 16 до 18 ноември во Еилат, Израел, каде учествуваа 11 тима. Репрезентацијата на Македонија, која го освои првото место, освои 10.000 долари, додека Романија освои награда од 6.000 долари. Третопласираните, односно репрезентацијата на Украина, освои 4.000 долари.


1 view

Comments


bottom of page