top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонскиот бенд BDM првпат ќе настапи на EXIT во Нови Сад

Македонскиот бенд BDM на 8 јули 2023 (сабота) ќе настапи на еден од наголемите светски музички фестивали, EXIT, а ова ќе биде прв настап на BDM во Нови Сад. Тие ќе се претстават со музиката од албумот State of Mind, кој го промовираа пред крајот на 2022 година, а ексклузивно на настапот на Петроварадинската тврдина ќе ја промовираат и новата песна Synapsis. Освен што ќе настапат на EXIT, BDM се во преговори и за настап на неколку фестивали низ Европа.



1 view

Comments


bottom of page