Македонскиот актер Тони Михајловски ќе биде професор по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје.
- Aleksandar Santovski
- 5 days ago
- 1 min read
18.08.2026 Avgust Vtornik
Тој преку видео-обраќање соопшти дека му е доверена Катедрата по актерска игра и ги повика идните студенти да се пријават.
„Катедрата по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ ми е доделена мене. Доколку сакате да бидете дел од новата класа на истата катедра, запишете се и пријавете се на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје“, рече Михајловски.
Тони Михајловски е еден од најпознатите македонски актери, со повеќедецениска кариера во театарот, филмот и телевизијата. Зад себе има бројни улоги на сцената на Македонскиот народен театар, како и настапи во домашни и странски филмски и телевизиски продукции. Покрај актерската работа, во јавноста е познат и по своите ставови за општествените и политичките случувања.
Со ова назначување, тој ќе го пренесува своето долгогодишно актерско искуство на новите генерации студенти по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“






Comments