top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Македонски црковен календар“ – нова книга од Марко Китевски

24.09.2021 Septemvri Petok

Книгата „Македонски црковен календар“ од проф. д-р Марко Китевски излезе деновиве од печат во издание на „Гирланда“ – Здружение за проучување на македонската народна култура, од Скопје.

Станува збор за првата книга од предвидено повеќетомно издание на Китевски. Рецензент на книгата на проф. д-р Илија Велев. Како што се посочува во воведот, книгата има за цел да го покаже континуитетот на македонскиот народен дух од најстари времиња до денес и да ја истакне специфичноста на македонските празнувања во кои следиме повеќе слоеви на народната култура. Но, исто така, целта е и да биде секојдневен прирачник, настолна книга за сите македонски верници кои имаат емотивен однос кон настаните и ликовите на нашата света македонска православна црква.

-Според некои сознанија, досега христијанската црква има прогласено околу осум илјади светители, но култот на некои воопшто не заживеал, на дртуги останал ограничен во потесна средина, трети се афирмирале во целиот христијански свет. Во книгата објкавуваме пошироки текстови за празниците што се прослдеени со народни обичаи и верувања, но и куси информации за помалку познатите светители, односно за оние што се застапени во Православниот календар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, стои во воведот кон книгата.

Во првиот дел од публикацијата се застапени постојаните (неподвижни) празници, кои што секоја година се паѓаат на ист датум, а во вториот непостојаните (подвижни) празници кои што секоја година го менуваат датумот.


1 view

Comments


bottom of page