top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонски спортски риболовци од клубот Вардар најдобри на Балканот

14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik

Македонија првпат во историјата на спортскиот крапски риболов во Македонија освои прво место на неодамна завршеното Балканско првенство (БП), кое неодамна се одржа на езерото Мавровица, кај Свети Николе. Освен од Македонија, како домаќин, учествуваа и натпреварувачки екипи од Србија, Словенија, Бугарија и од Албанија. Станува збор за успешна завршница на 15-от Јадранско-подунавски куп, каде што во лоши временски услови и неизвесна борба докрај, победи екипата на СО2 од ЗСРРК Вардар од Скопје, на чело со капитенот Јован Миловски и натпреварувачите Александар Миловски и Мирослав Савиќ.

Второто место ѝ припадна на екипата Тим Моџо од Бугарија, а третото го освои УСР Шаран од Кикинда (Србија). На оваа екипа ѝ припадна и пехарот за најголема уловена риба. Учесниците и натпреварувачите, како и сите оние што беа логистика, изразуваат задоволство за одлично организираниот натпревар, како и за вкупната организација од Македонската риболовна федерација. Г.И.


2 views

Komentarze


bottom of page