Македонски репрезентативец потпиша за „манекените“ од Милано, Барселона доведе НБА засилување фото и видео
- Aleksandar Santovski
- Jul 24
- 1 min read
24.07.2026 juli Petok
Најдобрите клубови во Европа или поточно оние кои ќе ги гледаме во Евролигата продолжуваат да ги градат составите за новата сезона.
Олимпија Милано и Барселона затворија зделки во кои беше вклучен и македонски репрезентативец. Центарот Мозес Рајт од неодамна доби македонски пасош и во иднина треба да го видиме во нашата репрезентација, ас кој од денеска официјално е нов „манекен“.
Тој имаше преддоговор со Барселона, но истиот го прекрши за што ќе биде платено соодветно обештетувење само за да се пресели во Италија. Со Милано потпиша повеќегодишен договор и треба да биде сериозно засилување во борбата под обрачите.
-Возбуден сум за ова следно поглавје. Нетрпелив сум да се сретнам со сите фанови на Олимпија и да дојдам да играм во Милано. Ова е навистина неверојатен град, со одлична култура, а исто така сум возбуден што ќе почнам да работам за Олимпија. Сите заедно можеме да направиме нешто посебно да се случи оваа година, -порача Рајт.
Од друга страна Барса пак го договори 27-годишниот Тајрис Мартин. Мартин играше во НБА и Џи лигата во изминативе години со тоа што во најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот има 122 натпревари за Атланта Хокс, Бруклин Нетс и Филаделфија Севентисиксерс.
Договорот е до 30 јуни 2027 година.






Comments