top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонската „Херои 4:33“ го затвора 45. Млад отворен театар

07.12.2020 ДЕкември Понеделник

На 5 и 6 декември во рамки на „Млад отворен театар“ ќе се изведе македонската претстава „Херои 4:33“, во режија на Деан Дамјановски, а по текст на Сашо Димоски на Театарот „Ј. Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес со што ќе се затвори и 45. издание на Меѓународниот театарски фестивал.

Изведбата е во живо, со присуство на публика, од 18 и од 19 часот и ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

„Галериска театарска инсталација, три простории, три инсталации, три сцени. Во секоја од трите по еден гледач. Секоја трае 4:33, колку што трае композицијата на Џон Кејџ. Проектот ‘Херои 4:33’ претставува своевидна ‘инсталација’ во која, преку употребата на различни медиуми во три специфични простори, изолирани едни од други, ја истражуваме врската помеѓу ‘присуството/отсуството’ карактеристично за театарот како медиум. Стварноста што ќе биде претставена во секој од просторите, наликува на своевидна дистописка стварност, во која човештината отстапува пред сопствената опачина. Целото доживување, кое гледачот го има од инсталацијата, наликува на оние секунди пред почетокот на претставата, кога светлата во салонот ќе се изгаснат, а претставата сѐ уште не започнала, кога стварноста околу нас отсуствува, а сценската сѐ уште не се појавила. Просторот, костимите и музиката се во функција на доживувањето од овој меѓумомент на ‘присуство/отсуство’, кое трае нешто повеќе од 13 минути“, се посочува кон претставата во која играат Жарко Спасовски, Исидор Јовановски, Кети Борисовска и Васил Зафирчев.


2 views

Comments


bottom of page