top of page

Македонската фудбалска репрезентација нема да игра на Светско првенство во САД, Мексико и Канада, откако во полуфиналниот бараж вечерва беше убедливо поразена и елиминирана од Данска со 4-0.Видео

26.03.2026 Mart Cetvrtok

Македонската фудбалска репрезентација нема да игра на идното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, откако во полуфиналниот бараж вечерва беше убедливо поразена и елиминирана од Данска со 4-0.

Лошо второ полувреме имаа фудбалерите на Македонија, откако по првиот дел немаше голови, а потоа Данците брзо дојдоа до предност од 3-0, за само 10 минути.

Најпрво во 49. минута Дамсгард една одбиена топка ја спроведе во голот. Следуваа два гола во една минута на Исаксен. Првиот во 58. минута на асистенција на Дамсгард, а потоа минута подоцна одбиената топка ја смести во голот на Димитриевски.

Конечните 4-0 ги постави Норгард во 76. минута, откако по нафрлена топка од корнер на Ериксен, со глава ја спроведе топката во македонскиот гол.


 
 
 

Comments


bottom of page