top of page

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026 Македонија-Велс 18.11.2025 Ноември Вторник

18.11.2025 Noemvri Vtornik

Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одработи последниот тренинг на Градскиот стадион во Кардиф каде вечер од 20:45 часот ќе му гостува на Велс во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот „Благоја Милевски“ ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот.

Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската репрезентација може и до директен пласман на СП ако триумфира во Кардиф.

На Велс за освојување на второто место во групата, му треба победа над нашата репрезентација која нема пораз цел квалификациски циклус.

Главен судија ќе биде Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти арбитар е Марк Нагтегал.


ree

 
 
 

Comments


bottom of page