top of page

Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа во Третата Европска група од Дејвис купот.

11.06.2026 juni Cetvrtok

Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа во Третата Европска група од Дејвис купот.

Во второто коло нашите тенисери беа подобри од селекцијата на Косово, поточно работата беше завршена уште по натпреварите во поединечна конкуренција.

Калин Ивановски ја потврди улогата на фаворит и го доби Дони Гаши со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-4, додека пак Олег Приходко беше убедлив против Јасин Јакупи со 6-1 и 6-1.

Македонија утре ќе игра против Грузија, директен дуел за второто место во групата.


 
 
 

Comments


bottom of page