Македонската репрезентација остана на 69. место на ФИФА ранг-листата
- Aleksandar Santovski
- Jul 21
- 1 min read
21.07.2026 Juli Vtornik
Македонската фудбалска репрезентација остана на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА со 1369.16 бодови колку што имаше и на последното рангирање.
Најновата ранг-листа на ФИФА донесе промени на врвот на кој се врати новиот светски првак Шпанија, додека Аргентина која загуби во неделното финале на Светското првенство се спушти на второто место.
Франција и Англија останаа на третото и четвртото место, додека Бразил се искачи на петтата позиција, а Мароко скокна на шестото место, прв пат во својата историја.
ФИФА ќе го објави следното рангирање на 7 октомври.
(2) Шпанија 1995,88(1) Аргентина 1970,37(3) Франција 1948,97(4) Англија 1922,83(6) Бразил 1804,92(7) Мароко 1803,99(5) Португалија 1787,85(9) Белгија 1778,36(8) Холандија 1775,54(14) Мексико 1754,30. ег






Comments