top of page

Македонската легенда со нов ангажман: Ѓуровски ќе води прволигаш од Алжир

Македонската фудбалска легенда и воедно екс македонски селектор, Бошко Ѓуровски договори нов клупски ангажман и тоа во далечниот Алжир каде ќе го води прволигашот Параду.

Ова за Ѓуровски кој последниот предизвик го имаше во Графичар ќе биде нова епизода во кариерата, односно првпат ќе се испроба на африканскиот континент и тоа во тим кој е на третото место на табелата.

Бошко најголемиот дел од досегашниот тренерски пат го мина во соседна Србија, има работено во Швајцрија, но има искуство и од Јапонија каде беше дел од Нагоја Грампус и Кјото Санга.




 
 
 

Comments


bottom of page