top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонската женска одбојкарска селекција по деценија и половина пауза за првпат ќе настапи во квалификациите за ЕП

17.07.2024 juli Sreda

По Европското првенство за одбојкарки до 22 години, Медитеранските игри во Алжир и Европската сребрена лига, трета година во низа македонската женска репрезентација ќе го провери потенцијалот на интернационалната сцена. Првпат по деценија и половина, македонските одбојкарки ќе настапат во квалификации за европско првенство коишто ќе бидат уште еден натпреварувачки степен за да се утврди нивото на нашата женска одбојка.

Селекторот Стефан Пауновиќ на собирот во Маврово повика 18 одбојкарки, меѓу нив една интернационалка, Теа Терзиевска од Ретимно – Грција, една дебитантка, Марија Василева од Вардар ЕМ, а според очекувањата, основа на тимот се одбојкарки од нашите најистакнати екипи во последните сезони: Работнички Скопје, Јанта волеј, Наковски волеј и Струмица жени.

Подготовките се одвиваат во Маврово и во Крушево, првиот квалификациски натпревар е дома со Австрија на 17-ти август, а потоа нашите девојки ќе играат со Грција на 28-ми истиот месец. Следните две рунди од групата ЕФ се во август 2025-та, а Европското првенство е во 2026-тa во Азербејџан, во Чешка, во Шведска и во Турција. Наша цел е да играме подобро отколку во минатогодишната Европската сребрена лига којашто беше враќање на сениорскиот состав во континенталните натпреварувања по долга пауза.

Состав на македонската одбојкарска репрезентација:

Техничарки: Ерјона Јонузи (Работнички Скопје), Софија Пандева (Наковски волеј), Јана Балов (Работнички Скопје)

Коректорки: Мила Дикова (Работнички Скопје), Антонија Баталаковска (Работнички Скопје), Мери Бошковска (Јанта волеј)

Примачки: Теа Терзиевска (Ретимно-Грција), Тамара Стојанова (Работнички Скопје), Мила Долдурова (Наковски волеј), Ирма Ѓурѓевиќ (Работнички Скопје), Добрина Хаџи Тосева (Струмица жени)

Средни блокерки: Марија Василева (Вардар ЕМ), Ана Павловска (Работнички Скопје), Симона Стојановска (Јанта волеј), Ива Стојковска (Јанта волеј), Мартина Николова (Работнички Скопје)

Либера: Емилија Попјордановска (Струмица жени), Надица Антеска (Јанта волеј)

Квалификации за Европско првенство 2026 (жени)

17.08.2024 (20.15) МАКЕДОНИЈА – Австрија

28.08.2024 (20.30) Грција – МАКЕДОНИЈА


4 views

コメント


bottom of page