top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонките денеска стартуваат против фаворизираните Германки

КУГЛАЊЕ – 10. СВЕТСКО ЕКИПНО ПРВЕНСТВО

Женската кугларска репрезентација на Македонија, предводена од селeкторот Перо Гијевски, денеска (11.40 ч.), ќе го почне првиот натпревар на Светското екипно првенство (СП), кое до 28 мај ќе се игра во Вараждин, Хрватска. Прв противник на Македонките во групата Б е фаворизираната Германија, во која се и селекциите на Австрија и Франција. Титулата од 2021 година во Тарново (Полска) ја брани Хрватска. Македонските куглари, пак, предводени од селекторот и играч Димитар Димитровски, првиот дуел ќе го играат утре (11.40 ч.) против Чешка, главниот конкурент за пласман во втората фаза. На СП во секоја од четирите групи (во двете конкуренции) во четврт-финалето одат првите две селекции, а еден меч се игра на шест патеки. Ривали на Македонија во групата Б ѝ се уште и актуелниот светски првак Србија и Данска. Црвено-жолтите на последното СП 2021 година не успеаја да се пласираат во вториот круг, а најдобриот пласман досега го остварија во Залаегерсаг, Унгарија, во 2013 година, кога го освоија извонредното второ место. – Ако нѐ послужи малку среќа и успееме да ја победиме Чешка во првото коло, тогаш ќе продолжиме понатаму, каде што најверојатно како втори во групата ќе вкрстиме со Хрватска од групата Д, која, пак, беше бронзена на последното СП. Во секој случај, подготвени сме да го дадеме максимумот – оптимист е репрезентативецот и актуелен шампион на Македонија, Младен Донковски (КК Макпетрол), додека кај кугларките тоа е Стефанија Алексовска (КК Пелистер ПИН). Г.И.

Манев и Влакевски сребрени со Хрватска

Поранешните истакнати македонски куглари Бранко Манев и Бојан Влакевски, кои сега имаат хрватско државјанство, се закитија со бронзен медал на последното Светско екипно првенство во Полска, играјќи за репрезентацијата на Хрватска. Во борбата за третото место, тогаш Хрватите ја совладаа Австрија со 3.925–3.850 соборени кегли (7-1 во поединечни сетови), а во овој дуел Влакевски и Манев остварија победи на втората, односно шестата патека. Тие и сега ќе ги бранат боите на Хрватска.


1 view

Comments


bottom of page