top of page

Македонката Марта Димоска дел од историската мисија на НАСА кон Месечината фото и видео

08.04.2026 April sreda

Македонката Марта Димоска, по потекло од Кичево, стана дел од тимот на НАСА во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, работејќи на програмата за човечко здравје и перформанси. Нејзината улога е директно поврзана со поддршка на астронаутите и придонес во човечките вселенски мисии, вклучувајќи ја и историската програма Артемис, чија цел е враќање на човекот на Месечината. Димоска, која претходно била првиот аналоген астронаут од Балканот, сега работи на следење стандарди и координација меѓу различни програми за подобра подготвеност на мисиите во длабоката вселена. Таа ја опишува својата позиција како нереална и возбудлива, особено во пресрет на лансирањето на мисијата Артемис II.

Мисијата Артемис II го означува почетокот на нова ера во вселенските истражувања, со амбициозни цели за освојување на Месечината до крајот на оваа деценија и подготовка за идни мисии кон Марс. Вклучувањето на Марта Димоска, која е прв магистер по вселенски науки од Македонија и дипломирала на престижни институции како Меѓународниот вселенски универзитет во Стразбур и Florida Institute of Technology, претставува значаен успех и инспирација. Таа стана една од ретките Македонки кои директно учествуваат во проекти од ваков глобален карактер, кои ја обликуваат иднината на човечкото истражување на вселената.Поддршката на астронаутите и придонесот во човечките вселенски мисии поврзани со програмата Artemis program сè уште ми звучат нереално кога ги кажувам гласно, а денешниот ден го прави сето тоа уште попосебно“ – напиша на својот Инстаграм профил Марта Димоска, Македонка која работи на проекти поврзани со враќањето на човекот на Месечината.Мисијата Артемис II го оМисијата Артемис II го означува почетокот на нова ера во вселенските истражувања, со амбициозни цели за освојување на Месечината до крајот на оваа деценија и подготовка за идни мисии кон Марс. Вклучувањето на Марта Димоска, која е прв магистер по вселенски науки од Македонија и дипломирала на престижни институции како Меѓународниот вселенски универзитет во Стразбур и Florida Institute of Technology, претставува значаен успех и инспирација. Таа стана една од ретките Македонки кои директно учествуваат во проекти од ваков глобален карактер, кои ја обликуваат иднината на човечкото истражување на вселената.Поддршката на астронаутите и придонесот во човечките вселенски мисии поврзани со програмата Artemis program сè уште ми звучат нереално кога ги кажувам гласно, а денешниот ден го прави сето тоа уште попосебно“ – напиша на својот Инстаграм профил Марта Димоска, Македонка која работи на проекти поврзани со враќањето на човекот на Месечината.

Димоска, на социјалните мрежи позната како „astro_smarta“, деновиве сподели повеќе објави поврзани со мисијата Artemis II – историски проект со кој по повеќе од половина век човештвото повторно се враќа кон Месечината.

Во новата фаза од кариерата, таа се преселила во Хјустон и се приклучила на тимот во вселенскиот центар NASA Johnson Space Center, каде работи на програмата за човечко здравје и перформанси.

„Оваа вест ја чувам повеќе од еден месец и сè уште ми изгледа нереално. Влегувам во ова поглавје во навистина историски момент и тешко ми е да поверувам дека ова е реалност“ – сподели таа.

Во рамки на својата улога, Димоска работи на поддршка на здравјето на астронаутите, следење на стандарди и координација меѓу различни програми, со цел подобра подготвеност на човечките мисии во длабоката вселена.

„Денес е уште посебен ден – Artemis II се лансира, а јас ќе го следам и поддржувам тоа од работа“, додава таа.

Инаку, мисијата Artemis II означува почеток на нова ера во вселенските истражувања. Ракетата на NASA успешно полета од вселенскиот центар „Кенеди“, а оваа програма има за цел враќање на човекот на Месечината до крајот на деценијата и подготовка за идни мисии кон Марс.

Димоска потекнува од Кичево и е прв магистер по вселенски науки од Македонија. Таа студирала на Меѓународниот вселенски универзитет во Стразбур, како и на Florida Institute of Technology, институции од кои произлегле бројни астронаути.

Со новата позиција, таа станува една од ретките Македонки кои директно учествуваат во проекти поврзани со програмата Artemis и иднината на човечкото истражување на вселената.

РЖМ / Б. С. Б.


Фото: Инстаграм

Дел видео Од Мартиина во вестите на Сител телевизија и во македонската телевизија на Македонија наутро .на утринската програма


 
 
 

Comments


bottom of page