top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија ќе стане Холивуд, Џон Малкович ќе снима филмови во Скопје

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје туку и затоа што ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и за регионот – истакна Малкович, кој е и член на Бордот на директори на „Стоунбриџ студио“. Тој би требало да дојде во Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“, во рамките на кој би биле изградени филмските студија

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека наскоро ќе го посети Скопје, каде што планира да изгради студија во кои ќе се снимаат холивудски филмови. Тоа би се случило во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавањето филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан – изјави Малкович за МРТ.

Тој би требало да дојде во Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

– Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и на неверојатната историја на македонскиот народ – истакна Малкович.

Тој порача и дека како “син на Балканот“, му придава специјално значење на овој проект.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје туку и затоа што ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и за регионот – рече Џон Малкович, кој е еден од најфасцинантните актери на денешницата и член на Бордот на директори на „Стоунбриџ студио“.

Инаку, визијата за „Скопје технолошки парк“ е да стане центар на уметноста, културата, технологијата и на иновациите и да придонесе за економски развој и за привлекување големи меѓународни филмски, телевизиски и музички проекти.

Малкович деновиве е во посета на Србија, каде што во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Заечар, глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“, која, според него, не зборува многу добро за светот во кој живееме и дека многу луѓе се фасцинирани од убијците.

Џон Гавин Малкович е американски актер, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година, во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска, а мајка му имала шкотско и германско потекло.

Малкович најпрвин се прослави на театарската сцена, а во 1999 година се играше себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“. Во својата кариера, тој има две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“.




1 view

Comments


bottom of page