top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија ќе се соочи со Бугарија во Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Бугарија, Грузија и Гибралтар во претстојното издание од Лигата на нациите. Ова е резултат од ждрепката влечена попладнево во Нион, Швајцарија. „Црвено-жолтите“ во пресрет на ждрепката за Лига Ц беа во вториот барабан, заедно со Грција, Белорусија и со Луксембург.

Националната селекција ја совлада Грузија со 1-0 во решавачкиот дуел од плејофот на минатото издание на Лигата на нациите, со што избори пласман на претходното Европско првенство.

Првите четири кола на фудбалската Лига на нациите за сезоната 2022/2023 се од 2 до 14 јуни в година, а петтото и шестото коло од 22 до 27 септември. Полуфиналиња се предвидени за 14 и 15 јуни 2023 година, а финалето и натпреварот за третото место на 18 јуни 2023 година. Мечевите за опстанок се закажани од 21 до 26 март 2024 година.

Лига Ц

Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција Група 2: Косово, Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска Група 3: Азербејџан, Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словечка Група 4: Македонија, Грузија, Гибралтар, Бугарија


2 views

Comments


bottom of page