Македонија ќе одигра пријателска со учесник на Светското првенство? фудбал 2026
- Aleksandar Santovski
- 2 hours ago
- 1 min read
03.04.2026 April Petok
Фудбалската репрезентација на Македонија втор квалификациски циклус беше многу блиску до пласман на Светско првенство, но за жал во двата наврати бевме елиминирани во плеј-офот.
Пред една седмица загубивме во Данска и со тоа пропадна уште една шанса за историски пласман на еден Мундијал. Сега, пред момците на новиот селектор Гоце Седлоски е новата сезона во Лигата на нации, а пред тоа, во јуни најверојатно ќе одиграме една или две пријателски средби.
Како што пишуваат медиумите од Босна и Херцеговина, токму селекцијата на Сергеј Барбарез ќе биде еден од ривалите на Македонија. БиХ по вторпат во историјата се пласираше на Светско првенство, а пред да замине за Соединетите Американски Држави, на „Кошево“ ќе тестира со нашата селекција, барам така тврди „Sportsport.ba“.
Босна и Херцеговина на Мундијалот во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада се пласира со победата над Италија во финалето од плеј-офот.






Comments